Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров по денешниот пораз од Хрватска со 9 гола разлика (31-22) во Минхен, изјави дека „жолто-црвените“ не се посрамотиле, без оглед на конечниот резултат.

Тој сепак истакна дека големиот број промашувања од чисти ситуации довеле до вечерашниот висок пораз.

Не можете против Хрватска да промашите над 12 зицери. Имаше големи тактички надмудрувања, со тоа што тие ги реализираа своите шанси. Ова не е реалниот резултат, мислам дека требаше да загубиме три или четири голови разлика. Наша цел е да пробаме да влеземе во вториот круг, сега ни останува да одмориме и да видиме што ќе направиме на следните натпревари. Мислам дека не се посрамотивме вечерва, напротив, одигравме храбро, квалитетен и модерен ракомет, изјави капитенот по мечот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.