Изјавите на Швајцарците пред натрепварот со Македонија дополнително го мотивирале селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, кој е задоволен од играта во четирите квалификациски меча во кој ја предводеше Македонија и во новата улога.
Денеска на Швајцарија ѝ беше доволен и бод за пласман на ЕП, но не дојдоа до него.
Ме изнервираа изјавите на Швајцарците пред натпреварот, кога кажаа дека биле блиску со Данска, но очигледно заборавија дека ние ја победивме Данска и дека треба повеќе да покажат почит кон нас. Сакам да им се заблагодарам на ракометарите за тоа што го направија, три победи во четири меча против врвни репрезентации. Може да забележите дека не е лесно ако не играте квалитетно. Денеска беше голем психолошки притисок за мене и моите играчи дека нема да го добиеме овој натпревар, но останавме чесни пред нас, се боревме до крај и среќен сум што победивме. Одигравме квалитетен натпревар против Швајцарија. Во овие два три месеци направивме неколку чекори напред и има уште простор за да напредуваме, но и во важни моменти кога бевме во минус, знаевме што правиме и верувавме во нас. Јас сум презадоволен од тренинзите. По последниот тренинг им реков на луѓето од мојот стручен штаб дека ова изгледа неверојатно. Ракометарите со голем ентузијазам, концентрација и желба го реализираат тоа што ние го имаме замислено и сакав да кажам дека добивме самодоверба. Ќе ги искористиме следните шест-седум месеци за да организираме турнири на кои ќе треба да подобриме некои работи, а на тие дуели ќе им дадеме шанса на помладите за да добијат искуство и самодоверба. До Европското првенство мора да добиеме уште три-четири ракометари кои ќе треба да допринесат со квалитет, рече Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.