Македонскиот ракометен репрезентативец и селектор Кирил Лазаров има 40 години. Многу од неговата генерација се во пензија, но тој покажува класа во дресот на Македонија и дресот на француски Нант.

Новиот „специјалитет“ од кујната на Лазаров го видовме на мечот со Швајцарија. Покрај добро подготвената тактика која донесе петта победа во евроквалификациите, Лазаров блесна во финишот и беше најдобар поединец во нападот.

Го даде и еден од најдобрите голови на мечот, откако покажа дека уште има „топ во рака“ и погоди од десет метри. Портнер беше еден од најдобрите поединци на Швајцарија, но не можеше со овој проектил на Лазаров.

Извор: Гол.мк


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.