Македонија премиерно се радува на гостински терен против Исланд, а капитенот Кирил Лазаров можеби не беше во главната улога, но како и секогаш беше една од алките без која не можеме.
Среќен е капитенот со победата, вели дека сега полесно се дише, но јасно му е дека ништо не е готово и дека ги чека уште една битка во Скопје.
Уште на првиот собир најавив дека треба да мислиме позитивно и да веруваме затоа што сме се враќале и по многу поголеми и поболни порази. Велам дека Македонија има иднина и квалитет, верувам во тоа, го знам тоа, го гледам… Заразени сме со ракомет… Среќен сум што одигравме еден ваков натпревар, игравме со глава особено во нападот. Користевме работи од претходниот селектор Раул, тоа ни помогна. Не сакам на Брестовац да му оспорам ништо, но тој ни дозволи, ни остави простор, затоа што и со два тренинзи не можевме многу да смениме. Сега полесно се дише, но треба да ни биде јасно дека во недела во Скопје ќе биде многу потешко. Исланд не потцени и верувам дека за четири дена ќе видиме еден поинаков противник. Се надевам дека нема да проработи нашиот менталитет и ќе останеме со мирни глави и со поддршката од публиката, мотивирани, концентрирани и посветени ќе дојдеме до позитивен резултат и на домашен терен, заклучи капитенот Лазаров по победата над Исланд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.