Познати се 16-те ракометари, кои ќе истрчаат за Македонија на вечерашниот (20 ч.) дуел со Данска, трет за нас од квалификациите за ЕП 2022.

Новиот селектор, Кирил Лазаров, го направи финалниот рез и дојде до комбиниран состав, содржан од базата на репрезентацијата, од еден повратник и еден дебитант.

Секако, повратникот е Филип Миркуловски, за кој се очекува да се врати на позицијата среден бек уште од почетниот напад на Македонија. Ново име е 20-годишниот Игор Ѓорѓиев, лев/среден бек кој игра во Голден Арт, во домашната Супер лига.

Тој, практично, доби место пред Горан Крстевски, Марко Мишевски и уште еден дебитант, Емилијан Ѓорговски, сите меѓу седумте што отпаднаа. Такви се уште и Димитар Димитриоски на лево крило, Марко Кизиќ меѓу голманите, Мартин Серафимов на десен бек, Михаил Аларов на пивот. Од нив, само Димитриоски не можеше да игра поради повреда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.