Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров дојде до 56-от трофеј во кариерата.

Освоениот Лига Куп на Франција е втор трофеј на Кирил Лазаров во земјата на актуелниот олимписки победник, по трофејот од Суперкупот (Трофеј на шампиони). Овој трофеј е 56-ти во кариерата на Лазаров и уште еден показател за неговиот победнички менталитет и долготрајност.

Сите трофеи на Кирил Лазаров во кариерата:
Освојувач на Лигата на шампионите:
1 пат (со Барселона)
Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))
Национален првак:
18 пати (2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија)) 4 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на националниот Куп:
18 пати (2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), 4 со Барселона) (Шпанија))profil22
Освојувач на АСОБАЛ Купот:
5 пати (1 со Атлетико Мадрид и 4 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
6 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 4 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
2 пати (со Барселона)
Освојувач на „Трофејот на шампионите”
1 пат (со Нант)
Лига Куп на Франција:
1 пат (со Нант)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.