Македонската репрезентација ги заврши квалификациитe за ЕП 2022 година со победа на свој терен.
Иако пласирани, македонските ракометари го честитаа Велигден со победа над Швајцарија во Скопје и со тоа покажаа дека со Кире Лазаров како селектор имаме победнички менталитет.
Во триумфот над Швајцарија еден од најдобрите во нашите редови беше Филип Кузмановски, кој по натпреварот истакна:
Сакавме и на овој меч да го покажеме нашиот квалитет, во тоа и успеавме. Се виде неспоредно пред натпреварот, на загревањето дека гостите во Скопје се дојдени да победат, ова за нив беше решавачки натпревар за пласман на ЕП. Ние не попуштаме никому, се виде тоа и на овој меч. Штета за Швајцарците што нема да играат на ЕП, а ние продолжуваме во овој ритам, сепак сега се вртиме кон клупските обврски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.