Поранешниот ракометар на Вардар, Даинис Криштопанс кој игра за ПСЖ жали по времето поминато во Вардар и Македонија и по тимската игра и другарстовото кое ги красеше..
„Доколку се погледне во минатото тогаш може да се открие дека секогаш имав тешки први сезони во новите клубови. Периодот наадаптација трае доста долго. Во споредба со Вардар, тимот на ПСЖ нема толку силна тимска игра. Играчите се посилни наиндивидуален план. Се обидувам повеќе да го слушам тренерот и да не се обидувам да правам ‘чуда’. Секако, секогаш имапростор за растење“, вели Кристопанс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.