Во името на Вардар на прес-конференцијата по поразот од Мешков Брест (32-36) говореше капитенот на клубот, Столе Стоилов. Еден од најискусните играчи во таборот на „црвено-црните“ покажа незадоволство од залагањето на некои играчи во тимот и вели дека некој не сфаќа што значи да си дел од Вардар.
– Сакам да му честитам на Мешков Брест за победата и му посакувам се најдобро во следната фаза. Тренерот на Мешков ме потсети што е проблемот во нашиот тим. На оваа конференција тренерот на Мешков кажа колку Вардар е специјален и како знае да направи кам-бек. И колку е голем. А, некои играчи кај нас не сфаќаат колку голем и специјален е овој клуб и го сфаќаат здраво за готово тоа што играат тука. Ова е најголемиот проблем овде. Тоа е она кое би сакал да го кажам, изјави Стоилов.
Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе игра против унгарски Веспрем. Тимот заврши на седмата позиција, а на домашен терен последната победа во ЛШ ја извојува пред четири месеци кога го победи Флензбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.