Откако за Македоија се ослободи место на Светското првенство во ракомет, по откажувањето на Чешка, шанса може да добие и Швајцарија. САД се на пат да се откажат од настап на СП во Египет 2021. На еден ден до стартот на Мундијалот, според неофицијални информации, репрезентацијата на Соединетите Американски Држави нема да учествува на турнирот, со оглед на тоа што селекторот Роберт Хедин има на располагање само 12 играчи кои не се заразени со коронавирусот.
Втора на списокот замени, по нашата репрезентација која ќе ја замени Чешка, е селекцијата на Швајцарија. Останува да се види наскоро дали ќе дојде и до втора промена на учесниците на шампионатот кој утре стартува со мечот меѓу Египет и Чиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.