Македонскиот кошаркарски прволигаш Работнички денеска официјално соопшти дека го откажа настапот на вториот турнир во АБА 2 лигата, што поплднево започна во Бања Лука, поради голем број заразени играчи во своите редови.
– Моменталната состојба со коронавирусот во КК Работнички е главната причина поради која не отпатуваме на вториот турнир во АБА 2 лигата, обелодени скопскиот клуб.
Во клупското соопштение се наведува дека, засега, најмалку четворица кошаркари се заразени со коронавирус.
-Уште неколку други пројавуваат симптоми. Во моментов 14 играчи и членови на стручниот штаб имаат добиено решенија за 14-дневна изолација. Во брзо време ќе добиеме резултати од новите тестирања со што ќе имаме појасна слика кои играчи и членови на стручниот штаб се позитивни, соопшти Работнички
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.