Без оглед што ќе се случи денес во Келн, Шампионските срца заслужуваат величествен пречек!
Парадата на Гордоста започнува со Пречекот на Аеродромот Александар Велики, каде одиме со автомобили, потоа со Дефиле од илјадници автомобили, мотори, веспи, автобуси, велосипеди, тротинети…
Ја Повикуваме цела Црвено-Црна Армија и цел Македонски народ заедно со овој голем успех да ја прославиме Храброста, Истрајноста, Борбеноста, Непокорот а со малку повеќе среќа и Божја волја – Втората Европска Титула !!!
Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 Роденден !!!Ги повикуваме ЈСП Скопје и приватните превозници да им овозможат на сите оние кои немаат сопствен превоз до Аеродромот а горат од желба да ги пречекаат јунаците тоа да им го овозможат. Дополнително ќе се објави место за Собир.
СПОДЕЛУВАЈТЕ !!! – стои во повикот на Комитите објавен на фејсбук.
Настанот е закажан за утре, 3 јуни.
Шампионите полетуваат утре, 03.06 од Аеродромот во Дизелдорф во 18:50ч. Преку Виена на Аеродромот Александар Македонски слетуваат во 23.55ч.
Значи утре, 03.06 во 23.55ч. СИТЕ НА АЕРОДРОМ !!!
Прославата се поклопува точно со датумот на 32 годишнината од основањето на навивачката група Комити.
Има ли подобар начин да се прослави роденден ? – стои на повикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.