На Европското првенство за кадети кое се одржува во Хрватска, репрезенатцијата на Шпанија направи неверојатен кам-бек на крајот од натпреварот против Словенија и успеа негативата од три гола разлика да ја анулира за 24 секунди, објави „24ракомет.мк
Младите ракометари на Словенија водеа со 37:34 пред самиот крај на натпреварот, но упорните репрезентативци на Шпанија приредија вистинско изненадување, а голот за израмнување на резултатот беше постигнат во последните секунди.
Со нерешениот резултат, Шпанија ги задржа шансите за пласман во полуфиналните битки, додека Словенија пропушти прилика да го осигура местото меѓу четирите најдобри репрезентации во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.