Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари 2020 ќе биде организатор и домаќин на меѓународен турнир за млади категории „КЛ7 2020″. На него ќе учествуаат 8 екипи од 5 ракометни клубови од Македонија и странство. Домашните брендови РК “Вардар, РК “Металург”, РК “Еурофарм Пелистер” и вице шампионот на Унгарија РК “ПИК Сегед” кој долги години е дел од престижната ЕХФ Лига на шампиони. Екипите ќе бидат поделени во две категории и тоа 2002 и помлади и 2004 и помлади.

Во првата категорија (2002 и помали) ќе се натпреваруваат:

– Ракометен клуб КЛ7,

– Пик Сегед (Унгарија),

– Ракометен клуб Еурофарм Пелистер,

– Ракометен клуб Металург.

Во втората категорија (2004 и помали) ќе се натпреваруваат:

– Ракометен клуб КЛ7,

– Пик Сегед (Унгарија),

– Ракометен клуб Металург,

– Ракометен клуб Вардар.

Распоредот предвидува систем на натпреварување во кој би играле секој со секого во двете возрасни категории. Со учеството на турнирот на унгарски ПИК Сегед и официјално стартува соработката помеѓу КЛ7 и еден од најдобрите европски ракометни колективи кој е формиран во далечната 1961 година. Истата ќе се состои и во размена на гостувања, нивни кај нас, наши таму, едукација на тренери, учество на кампови и слично со една цел напредување и усовршување на младите ракометари на патот кон создавањето на врвни играчи.

Стартот на турнирот е планиран во петок во 16.00 часот, а учесниците ќе ги поздрави и за отворен ќе го прогласи Кирил Лазаров.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.