Данскиот ракометен репрезентативец Ханс Линдберг е позитивен на Ковид-19, објави денеска Ракометната федерација на Данска.
Крилниот играч на Данска бил позитивен на тестирањето што е спроведено пред нивното напуштање на кампот на репрезентацијата. Сите други играчи се негативни.
Ханс Линдберг (39) е ракометар на Берлин кој имаше кам-бек за репрезентацијата на двата натпревари со Македонија. Немаше забележителна минутажа, но играше и беше во контакт со македонските репрезентативци, пренесе порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.