Најдобриот македонски ракометар во историјата, Кирил Лазаров ја промовираше неговата автобиографска книга „Секогаш на победа“. Тој на официјалната промоција во хотелот „Александар Палас“ изјави дека има голема трема бидејќи е првиот македонски спортист кој што се нафатил искрено да напише автобиографија.
Тој вели дека во книгата има многу работи за кои луѓето досега не знаеле, но дека стои зад се што е напишано во неа.
„Чест ми е и задоволство што ве гледам во волкав број. Трема сум имал на спортски натпревари, но сега е уште поголема бидејќи сум прв македонски спортист што решил искрено и со многу страст да напише една автобиографија. Треба да имате храброст и многу сила да ги кажете некои работи што не се кажани. Сите Македонци знаат многу за мене, но во оваа книга ќе прочитате многу работи што не сте ги знаеле. Работевме седум, осум месеци со Жика Богдановиќ, но во ниеден момент не се премислив да сменам нешто суштински во книгата. Тоа ми е особено мило, сум бил сигурен во себе и стојам зад сето она што ќе го прочитате.
Книгата следниот месец ќе биде достапна на српски јазик, а во текот на наредната година е предвидено да се преведе и на англиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.