Македонскиот и еден од најдобрите светски ракометари Кире Лазаров на Инстаграм споредели фотографија во која е облечен како каубој. Кире е фотографиран со пиштол во рака и облека како од вестерн филмовите и дивиот Запад. Со него е познатиот ракометар на Барселона, Виктор Томас, еден од најдобите светски ракометари.

Зад оваа фотогафија има приказна.Томас се повлекува од ракометот на 35 години поради проблеми со здравјето. Со Кире на ракометниот терен се имаат сретнато многу пати.

Кире не пропушти да напише текст под фотографијата за својот пријател:

„Ми беше задоволство да ја делам соблекувална со тебе …

Мора да бидеш горд за сето она што го направи …

Ти посакувам се‘ најдобро во иднина во следните предизвици.

Пријатели засекогаш!„

А, Томас му одговори:

„Ти благодарам многу Брате! Задоволството ми беше! Ја сакам фотографијата под број 1…“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.