Кире Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација им се извини на навивачите велејќи дека не смеат да го загубат најдрагоценото и дека ниту една ракомента репрезентација не си дозволува пред 5.000 свои навивачи ваква игра.

Очекувавме многу повеќе, имавме добра група, во која дури и лаик можеше да каже дека можеме да се носиме со сите. Јавно, како капитен, се извинувам за ова издание, рече капитенот.

Тој подвлече дека навистина сака да изрази благодарност до сите присутни што одвоиле време и средства за да дојдат да ги бодрат и дека ти е се навистина огромно богатство.

Ова беше драгоцено искуство, дури имаше повеќе Македонци од 2012 година од нашиот исотриски настап на Европското во Белград и Ниш. Виена е многу подалеку и затоа капа до под до сите Македонци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.