Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров е кралот на стрелците на најпрестижната Лига на шампиони (ЛШ) објавија шпанските медиуми. Ракометниот бог Лазаров, играјќи за неколку клубови, како и за Барселона, со која во 2015 ја освои ЛШ, успеал да постигне вкупно неверојатни 1332 голови.

Македонскиот бомбардер е далеку пред сите, Кире веќе две децении е во врвниот ракомет и тоа како член на Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона каде што беше член од 2013 до 2017 и сега во Нант.

На второ место со помалку од 300 голови на оваа листа е Никола Карабатиќ, со кого Кире играше во Барса. Францускиот ракометар успеал во ЛШ да дојде до бројката од 1074 голови. Трет е Момир Илиќ (Веспрем) со 969 погодоци. На листата следува Тимур Дибиров, ракометарот на нашиот Вардар, кој пак во ЛШ постигнал 884 голови.

Следуваат Марко Вујин со 841, Сергеј Рутенка со 838 голови, Микел Хансен со 821, Ласло Наѓ 806 погодоци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.