„Моторот“ на екипата на Вардар, Игор Карачиќ е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Хрватскиот репрезентативец одигра одлично како во вчерашното полуфинале против Барселона така и денеска во борбата за титулата против Веспрем, па сосема заслужено го доби ова признание.

Поранешниот вардарец и сегашен член на Кјелце, Алекс Душебаев е пак најдобриот стрелец за оваа кампања во елитното натпреварување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.