Бесплатни автобуси за граѓаните да можат да ги пречекаат своите херои на аеродром, пречек со сите почести од сите надлежни институции, специјална агенда на движење, ордени…
Преполн плоштад навивачи, спортски љубители, горди Македонци. Вака некогаш се прославуваа големите спортски победи, било репрезентативни било клупски.
Ова мало парче историја е еден доказ за тоа како вистински се слави секој успех. Не се знае кој е погласен: Калиопи, играчите или народот. Се пее „Едно име имаме“ од десетици илјадници грла!
РК Вардар повторно испишува историја. На успесите на овој тим не остануваат рамнодушни ни оние кои никогаш не навивале за црвено-црните.
Но, овојпат прослава нема, пречек нема, признание нема. Владата има побитни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.