Директорот на АМС и актуелен претседател на СДММ, Дарко Каевски, на патувањето во Хрватска и Словенија, односно на Европското првенство во ракомет во 2018 година, не бил сам. Тој со себе ги понел и своите другари, сопaратијци и колеги вработени во АМС, Стефан Степаноски и Јован Гиовски, пренесува Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.
Исто и тие како него, наводно, биле на службено патување поради потребите на Агенцијата и тоа во траење од рекордни 12 дена на сметка на државата. За тие 12 дена, нив им се исплатени државни пари за дневници, за патни и дневни трошоци, патувајќи со службено возило. Според овие податоци, Каевски ја има претворено Агенцијата за млади и спорт во туристичка агенцијаАМС Турс под водство на Каевски и СДСМ, по сѐ изгледа ја има прошетано оцијалдемократската младина на државни трошоци по Европски првенства, натпревари, посети на држави и којзнае уште што не, објави Комисијата.
Од таму за наредните денови најавуваат уште материјали за, како што велат, лагите и скандалите на младиот Каевски.
На ова елитистичко изживување врз Македонија и македонскиот спорт му се гледа крајот!, порачуваат од Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.