Македонската машка ракометна репрезентација до 19 години го претрпе вториот пораз на Светското првенство кое се одржува во Скопје, откако загуби од фаворитот Данска со 26-29 во дуелот од четвртото коло од групата „Ц“.

Македонија одлично се држеше против фаворитот за првото место во групата во текот на целиот меч, а клучната разлика Данците ја направија на почетокот од вторто полувреме кога се одлепија на шест гола предност.

Во македонскиот тим најефикасен беше Мартин Серафимов со девет гола, а Ненад Костески постигна шест.

Македонската репрезентација моментно е трета во групата со четири бода. Данска е прва, со максимален ефект по четири одиграни кола, а на вторто место е Јапонија која има шест бода. Токму Јапонците, утре, се нашиот последне противник во групата фаза. Македонската селекција има обезбедено место во осминафиналето, а ќе брка победа во завршната рунда за подобар пласман на конечната табела.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.