Ракометниот првак се уште не објавуваат кој ќе го замени Дејан Милосављев на голот на Вардар, но спортските медиуми веќе шпекулираат дека се работи за швајцарскиот репрезентативец Никола Портнер, 25-годишен голман на Монпелје.
Вардар е сериозно заинтересиран за неговите услуги и притиска да го донесе во своите редови од францускиот ракометен тим.
Во Монпелје е од 2016 година, а во 2018 година ја освои европската титула во Лигата на шампионите со овој клуб. Претходно настапувал за два швајцарски тима, Кадетен Шафхаузен и Берн Мури.
Потекнува од спортско семејство, син е на поранешниот југословенски играч Златко Портнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.