Металург потврди дека поранешниот репрезентативец на Македонија, Иван Марковски е нивниот нов тренер, тој потпиша две и пол годишен договор.

Марковски и како ракометар настапуваше за Металург, а сега ќе биде и тренер во овој клуб.

Иван Марковски од денеска му се придружува на стручниот штаб, како дел од еден долгорочен проект за силен Металург. Веќе од утре седнува на тренерското столче и ќе работи со тимот во наредните 2.5 години. Покрај Марковски, стручниот штаб го засилува и Златко Јанакиевски, кој ќе се грижи за физичката подготовка на тимот. За наредната сезона на Марковски ќе му се придружат уште две познати тренерски имиња, вели претседателката на Металург, Зорица Блажевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.