Во третото коло од Светското ракометно првенство, Исланд ја забележа првата победа откако буквално го прегази Бахреин со 36:18.
По поразите од Хрватска и Шпанија, Исланд се истури врз Бахреин, немаа милост кон противникот и го победија со двојно поголема разлика. Особено беа моќни во второто полувреме кое го добија со 20:8.
Најдобар поединец кај Исланд беше Гунарсон, кој даде осум голови, во составот на Бахреин, Мерза даде пет погодоци.
Исланд во среда игра против Јапонија, а ден подоцна е клучната пресметка против Македонија.
Во денешните мечеви кои се одиграа до сега, Бразил ја победи Србија со 24:22, Унгарија славеше против Катар со 32:26, Тунис го совлада Чиле со 36:30.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.