Во дуел за првото место во Групата Ц на Светското ракометно првенство во Египет, Хрватска го совладаа Катар со 26:23. Со оваа победа, Хрватите ќе продолжат во наредната рунда со три бодови, Катар ќе пренесе два бода, а Јапонија еден од ремито со Хрватска.
Иако беше фаворит против Катар, Хрватска се мачеше од самиот почеток, а најголемата предност изнесуваше три гола.
Мануел Штрлек постигна шест голови за Хрватска, по пет постигнаа Марио Мариќ и Марко Мамиќ, додека Франкис Марзо постигна седум голови.
Прв ривал на Хрватска во вториот круг ќе биде Бахреин кој е трет во групата Д.
Во преостанатите досегашни денешни натпревари Јапонија со 30:29 ја доби Анголо, Бахреин со 34:27 го доби Конго, додека Шпанија со 26:24 го совлада Тунис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.