Хрватски навивачи го окупираа шведскиот град Стокхолм, каде што денеска попладне во 16,30 часот е закажано финалето на ракометното Европско првенство (ЕП). Хрватска во финалето ќе се сретне со Шпанија, а фанови од Истра, Далмација, Загорје, се обединуваат се на пат кон Стокхолм.

Одиме да го земеме златото. Не им ни кажавме на жените каде одиме, ќе се вратиме со златниот медал“, ја пренесуваат хрватските медиуми атмосферата од загрепскиот аеродром.

„Теле 2“ арената во Стокхолм има капацитет од 19.000 гледачи, а повеќе од 20.000 Хрвати „одлетаа“ за Шведска.

Јасно ни е дека Хрватска ќе игра како да е дома, нивните навивачи сигурно ќе пристигнат во голем број“, изјави Жодри Рибера, селекторот на ракометната репрезентација на Шпанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.