Тренерот на Мешков Брест Даниел Гордо по мечот во Скопје и поразот од Вардар (35-27) истакна дека грешките кои ги направил белорускиот шампион им пресудиле.

Би сакал да му честитам на Вардар, затоа што тие одиграа одличен натпревар. Можеби најдобриот меч оваа сезона, затоа што ние ги гледавме сите нивни дуели. Противникот имаше добар ден, играа во одлична атмосфера и ова е навистина добар резултат за Вардар. Ние почнавме лошо, немавме добро чувство во одбраната. Во нападот противникот даваше лесни голови. Во вториот дел пробавме да се вратиме, имавме шанса да бидеме компетитивни, но лесните грешки ни ја одземаа шансата. Зад нас се три тешки меча во последните седум дена, а за вакви дуели треба енергија. Наше е да се поправиме и да се обидеме да се вратиме во ЛШ, изјави Гордо.

Иако одбраната на МешковБрест се потпира на Владимир Врањеш, вечерва тој не се покажа како носител на одбраната во тимот.

Честитки до Вардар. Ова беше заслужена победа за нив. Во првиот дел ривалот беше подобар, но во вториот дел откако ја сменивме одбраната на 5-1 се вративме во мечот. Но, неколкуте нови грешки не пресекоа во налетот. Му посакувам среќа на Вардар во ЛШ, изјави Врањеш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.