Хрватската ракометна репрезентација ја совлада македонската во третото коло во групата Б на СП во Минхен со 31:22 (16:11), со што обезбеди пласман во вториот круг.

најефикасен во хрватската екипа беше Домагој Дувњак со шест погодоци. Карачиќ, Мандиќ и Шипиќ реализираа по четири, а голманот Марин Шего имаше 13 одбрани.

Токму него го издвои како клучен играч и нашиот селектор Раул Гонзалес.

Знаевме дека ќе биде тешко да се игра против Хрватска и затоа форсиравме напад седум на пест. Во одбраната со зона 5-1 на момент им зададовме мака, но потоа ја променивме одбраната кога Хрватска почна да игра седум на пест и влезе во ритам. Наш проблем денеска беше Шего, кој беше совршен. Ги одбрани сите удари од шест метри и не ни дозволи да се вратиме во игра. Имавме шанси да се вратиме во второто полувреме, но не ги искористивме. Сè уште имаме можност да продолжиме понатаму и сосредоточени сме на тоа, изјави Гонзалес по натпреварот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.