Ракометната федерација на Србија вчера ги додели наградите за најдобрите поединци за изминатата 2018 година. На врвот меѓу ракометарите е голманот на Вардар, Дејан Милосављев, кој со седум гласа се пласира пред Немања Илиќ и Вукашин Воркапиќ. 22-годишникот зад себе остава одлична година, во која блесна во редовите на македонскиот шампион.

За него гласаа сите тренери и капитени на екипите од машката и женската Суперлига.

Милосављев е голема надеж на српскиот ракомет, а корист има и нашиот најдобар тим, кој во него пронајде одлична замена за Арпад Штрербик, кој замина во Веспрем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.