Уште еден трансфер на ракометар на Вардар денеска доби официјална потврда. Голманот Дејан Милосављев, по една сезона мината на голот на црвено-црните, се сели во Бундес лигата и тоа во екипата на Фуксе Берлин.

Оваа германска екипа годинавa веројатно нема да се избори за излез во Европа, но полека составува тим што следната сезона ќе може да го стори тоа.

Дејан Милосављев одамна беше поврзуван со трансфер меѓу „лисиците“, денеска веќе се појави пред камери со пенкало во рака како потпишува договор со Берлин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.