Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги расчисти сите дилеми околу неговото мислење за актуелниот селектор Данило Брестовац и во изјава по дуелот со Исланд (24-24), истакна дека има високо мислење за него.

По дуелот со „рибарите“ во Рејкјавик, многумина ја протолкуваа неговата изјава по мечот погрешно. Најискусниот ракометар во селекцијата реши да излезе со став и јавно да каже што мислел со неговата изјава. Вели дека Брестовац е одличен тренер и дека го цени, а доказ за тоа е нивната соработка на кампот на капитенот на А-селекцијата.

„По дуелот со Исланд дадов изјава кои некои ја сфатија позитивно, а некои негативно. Разговарав и со Данило, тој ја прифати изјавата. Бев среќен дека победивме. Да имав јас нешто против Данило Брестовац, тој немаше да биде тренер на мојот камп. Тоа е доказ дека го цениме како тренер. Сакам сите недоумици кои ги имате, имаат и имаме, да бидат расчистени. Сите работиме во интерес на македонскиот спорт и македонскиот ракомет. Никогаш не сум имал нешто против против некој селектор“, изјави Лазаров.

Македонија по ремито со Исланд во Скопје останува лидер во групата, со ист број на бодови како „рибарите“.

Извор: Гол.мк


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.