Со голот во последната секунда на Дејан Манасков, Македонија вечерва триумфираше над Исланд воквалификацискиот натпревар за Европското првенство 2020. Со голот на Манасков македонската репрезентација поведе со 34:33 и се враќа од гостувањето во Рејкјавикво со деби-победа за селекторот Данило Брестовац.

Манасков со осум гола беше прв стрелец на нашиот состав, осум постигна одличниот Георгиевски, шест Кире Лазаров, а пет Филип Талески.

Македонија в недела го пречекува Исланд, дуел на кој победа ќе значи и прво место во нашата квалификациска група.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.