ЕХФ го прогласи најдобриот македонски ракометар и капитен Кире Лазаров за најдобар играч во првите две кола од квалификациите за пласман на Европското првенство 2022.

Македонија квалификациите ги стартуваше со две победи, најпрво ја совладавме Финска во Скопје, а потоа бевме подобри и од Швајцарија на нејзин терен.

Во двата меча Кире Лазаров беше предводникот во победите, а неговите одлични партии беа забележани од медиа тимот на ЕХФ кој го прогласи за МВП на првите две кола.

Тие напишаа: „Годините немаат влијание за кралот Кире Лазаров! Нашиот МВП во колата 1 и 2 од квалификациите за ЕП 2022“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.