Убедливи победи на домаќините на Светското првенство во ракомет. Репрезентацијата на Германија со високи 30-19 над обединетиот тим на Северна и Јужна Кореја го заврши првиот меч на шампионатот што се играше во Берлин. Фаворитот имаше на полувремето +7, и во вториот дел одигра рутински. Крилото на Германија Уве Генсхајмер реализираше 7 голови. Кај Корејците најдобар поединец беше голманот Парк кој со 17 одбрани спречи потежок пораз на азиската селекција. Во наредното коло на А групата, Германија ќе се сретне со Бразил, Кореја со Русија.

Во вториот натпревар од денешната програма, ко-организаторот Данска во премиерниот меч на групата Ц го понижи Чиле 39-16. На средбата во Копенхаген, Данците имаа 22-4 на полувремето. Хансен и Мортенсен постигнаа по 7 голови кај Данска.

Во 2.коло Данска ќе игра со Тунис, Чиле против Австрија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.