Ракометниот клуб Вардар 1961 ги исполни барањата на Европската ракометна федерација ЕХФ и со тоа потврдено е учеството на македонскиот шампион во Лигата на шампионите.

ЕХФ го информирала Вардар1961 дека е потврдено играњето на клубот во Лигата на шампионите во сезоната 2021/2022. Кон клубот беа поставени одредни дополнителни барања за целосно потврдување на местото во ЛШ, jaвува „Спортманија“.

„Клубот во предвидениот рок, заедно со ЕХФ најде решение за поставените барања, истите ги исполни со што нема пречки и дилеми околу нашето играње во групната фаза од ЛШ. Истото известување за исполнување на условите е испратено и до сите екипи во ЕХФ лигата на шампионите. Во новата сезона Вардар1961 ќе игра директно во групната фаза од ЛШ заедно со екипите на ПИК Сегед, Кил, Алборг, Мешков, Монпелје, ППД Загреб и Елверум“ – стои во соопштението на вардарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.