Иако имаше негатива од четири гола во 40. минута, Франција направи пресврт и успеа да ја победи Данска со 23:22, со што обезбеди пласман во финалето на 25-тото женско ракометно Светско првенство.

Со петтиот последователен пораз во едно полуфинале на Светските првенства, Данска ја повтори судбината од Италија 2001 и Бразил 2011 година, кога без пораз отидоа во полуфиналето, но не успеаја да обезбедат место во завршната битка за титулата.

Франција, која е актуелен олимписки шампион, во финалето в недела ќе се соочи со победникот од мечот помеѓу Норвешка и Шпанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.