Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски има ковид-19. Неговиот клуб, германскиот Вецлар потврди дека популарниот Жути е позитивен на коронавирус.
По враќањето од обврските со македонската репрезентација, Миркуловски во Германија бил тестиран и тестот покажал дека е позитивен на ковид-19.
Тој немал контакт со останатите играчи од клубот, а во наредните две недели ќе биде во изолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.