Македонија својот старт на СП во Германија и Данка ќе го има против ракометарите на Јапонија.
Средба се игра петок 15ч а еден од најискусните Филип Лазаров е оптимист и очекува сигурна победа:
Секој старт е важен и мислам дека сме подготвени да ја совладаме Јапонија. Гледавме на касета како играат, подобри сме многу , фаворити сме и нема да има изненадувања. Што се однесува до останатите натпревари рано е да се прогнозира. Ќе одиме меч по меч и така верувам ќе ја оствариме целта и ќе се пласираме во следната рунда.
Македонија по 6. пат ќе настапи на Мундијалите а досега најдобриот пласман го оствари во Катар каде го освои 15. место.
Извор: Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.