Македонскиот ракометар Филип Лазаров е позитивен на коронавирус. Лазаров најверојатно се заразил со ковид-19 за време на летот до Германија, пишува германски „РП Онлајн“.
Иако е позитивен, Лазаров нема никакви симптоми, а неговите сопруга и син се негативни.
Левиот бек и член на германски Ратинген е прв случај на заразен со ковид-19 во клубот. Но, клубот се уште чека на нов резултат на своја адреса, затоа што се сомнева дека е грешка. Лазаров не е на подготовки со екипата, а сите членови на тимот се тестирани и се негативни.
Бекот многу веројатно го закачил новиот вирус додека бил во авион затоа што пред да замине за Германија, се тестирал за ковид во Скопје и тестот бил негативен. По пристигнувањето во Германија, се утврдило дека во авионот патувал патник позитивен на ковид-19. Лазаров се обидел да се тестира на аеродромот, но не му било дозволено. По неколку дена се јавил кај матичниот доктор и побарал тест, а истиот на крајот бил позитивен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.