Европското првенство во ракомет започнува на 9-ти јануари. Континенталниот собир ќе стартува со мечот Белорусија – Србија, а Македонија својот прв меч го игра на 10-ти јануари со почеток во 20:30 часот против Украина.
Во Групата Б се наоѓаат уште Австрија и фаворитот Чешка.
Ова е распоредот:
10.01.2020 МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА (почеток 20:30 часот)
12.01.2020 ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА (почеток 16:00 часот)
14.01.2020 АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА (почеток 18:15 часот)
Македонската ракометна репрезентација инаку дефинитивно ќе биде без Велко Маркоски на Европското првенство (ЕП) кое стартува за неколку дена.
Специјалистот за одбрана доби удар од Бомбач во главата и се здоби со повреда на окото на тест-дуелот со Словенија. Брестовац најави дека ќе чека до самиот крај, меѓутоа резултатите од вториот преглед и дијагнозата од лекарите не донесоа добри вести.
Направено е КТ и ЕХО на окото на Маркоски, а по добиените резултати, препорака на докторот е дека Велко Маркоски ќе треба да паузира две до три недели.
Од РФМ на Велко Маркоски му посакаа брзо опоравување. Македонија го отвора ЕП 2020 со дуел против Украина закажан на 10 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.