Ракометарите на Еурофарм Пелистер со 24:32 го загубија првиот натпревар од Магдебург во осмина-финалето од Европската ракометна лига.

Битолчани, вечерва на свој терен, без поддршка од публика и со преголем респект кон бундеслигашот, доживеаја висок и убедлив пораз кој беше навестен од самиот почеток на средбата кога гостите поведоа со 4:0 и на крајот славеа со осум голови – недостижна предност во пресрет на реванш натпреварот кој ќе се игра следниот вторник во Германија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.