Еурофарм Пелистер го совлада Вардар со убедливи 31-22 и за првпат во клупската историја стигна до трофејот во Суперкупот на Македонија.

„Вардарци“ на овој меч настапија без дел од летните засилувања, а воиграниот состав на Еурофарм го искористи тоа за заслужено да стигне до победата.

Мечот почна подобро за „црвено-црните“ кои предводени од Тимур Дибиров диктираа темпо и во осмата минута поведоа со 5-3, за нешто подоцна со голот од контранапад на Талески да имаат и „плус три“ (7-4).

Жељко Бабиќ побара тајмаут при водство на Вардар од 9-6, по што Еурофарм Пелистер заигра онака како што посакува хрватскиот стручњак.

Набрзина следеше израмнување на 10-10, по што се продолжи со квалитетна игра на двете страни и на одмор се замина со резултат 14-14.

Тоа беше се што Вардар успеа да стори на овој натпревар бидејќи вторите 30 минути минаа во апсолутна доминација на битолчани.

Мечот помина и во нервоза а во еден момент Стојанче Стоилов во дуел со Обрадовиќ го удри ривалот во стомакот по што настана гужва а Начевски и Николов го исклучија капитенот на Вардар 1961.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.