Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука да го одложи мечот Металург – Висла Плоцк, кој требаше да се одигра во вторник, на 27 октомври. Ова го направи на барање на Металург, откако синоќа се појави и втор заразен ракометар, покрај Мартин Серафимов, кој веќе неколку дена е во изолација.
Металург беше на пат кон Богданци, за натпревар против Младост од 5. коло во Суперлигата, но веднаш се врати во Скопје. Со оглед дека не се знае дали вирусот е пренесен и на други ракометари, целата екипа е ставена во изолација и затоа нема да може да игра против Висла за само четири дена.
Откако ќе направат ново тестирање на целата екипа и стручниот кадар, во Металург ќе решат кога и како ќе продолжат со тренажниот процес. ЕХФ, пак, дополнително ќе одреди термин за натпреварот Металург – Висла, во консултација со двата клуба.
Ова требаше да биде втор натпревар за Металург во Европската лига, откако на првиот загуби во Тулуз со 29-33.Следниот е на 17 ноември, против Адемар Леон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.