Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров со спектакуларен погодок му донесе победа на француски тим Нант за кој настапува.

Сирената оначи крај на мечот меѓу Шамбери и Нант 28-28, а остана само да се изведе завршниот удар од девет метри. Но Лазаров не се задоволи со поделба на пленот, и погоди од девет метри, преку жив ѕид за голема победа.

Нант губеше со 28-26, но во финишот го сврте мечот во своја корист. Лазаров освен што го постигна победничкиот погодок, успеа да постигне уште пет голови и беше најдобар стрелец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.