Спортот го обединува народот. Победите на репрезентациите ја радуваат нацијата, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во „Топ тема“ на Телма го најави планот кој партијата го подготвува за помош на домашните клубови и заживување на македонскиот спорт.

Од акцизата за нафтени деривати која е зголемена за 3,5 денари ние ќе одвоиме еден денар за спортот, спортските федерации и клубови, а останатите 2,5 денари ќе укинеме. Секојдневно сме сведоци на проблемите со кои се соочуваат спортските клубови. Вчера бев сведок на еден немил настан со клубот од мојата младост. Исклучена била струјата на академијата во клубот. На спортот му треба помош, а тој денар е едно од решенијата, најави Мицковски.

Според пресметките еден денар од акцизите на нафтата се околу 16-17 милиони евра.

Меѓу другото Мицковски се заложи и за заштита на домашните медиуми, со што, според него, ќе се заштити и нашиот македонски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.