Двајца ракометари од „Еурофарм Пелистер“ деновиве решија да ги побараат за сопруги своите девојки.

Прво вчера македонското репрезентативно лево крило Бојан Маџовски, во романтично опкружување покрај вода клекна пред долгогодишната девојка Надица Ристова, која одговори „да“ на неговата понуда за брак.

Вечерта, пак, неговиот соиграч од редовите на битолскиот клуб, стружанецот Гоце Ојлески ја побара за сопруга долгодишната девојка Елена Стојчева.

Летово запросување падна и кај ракометарите Крсте Андоновски и Мартин Манасков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.