По пет години Киелце о доби Скопје. Полскиот првак го совлада Вардар со (29-33). Тренерот Талант Душебаев истакна дека триумфот е заслужен, no посака кога следен пат Киелце ќе гостува во Скопје, салата да биде полна и да нема пандемија со коронавирусот.
„Голема почит за Вардар, затоа што мислам дека е многу тешко и за тренерот и за тимот да имаат само три натпревари во ЛШ. Победивме првпат во последните пет години, без навивачи беше повеќе возможно да победиме. Минуваме низ тешко време, не знаеме што не чека утре, среќен сум затоа што победивме. Се надевам дека кога следен пат ќе дојдеме во Скопје ќе играме во препознатливата пеколна атмосфера. Имавме среќа што ова дерби беше без навивачи“, изјави Душебаев.
Бранко Вујовиќ потсети дека е тешко да се игра во салата Јане Сандански и нагласи дека имале среќа што Вардар играше без публиката која секогаш е играч повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.