Поранешниот македонски репрезентативец и член на Пелистер во „златните“ години, Душан Новокмет, кој по 19 години се врати во Македонија. На својот Фејсбук профил напиша дека за него секогаш името на нашата земја ќе остане Македонија.
Десниот бек минатата година пристигна во Битола и со многу емоции и задоволство позитивно одговори на повикот да заигра за ветераните на Пелистер.
Новокмет беше еден од најдобрите ракометари во шампионскиот Пелистер од првите 5-6 шампионати на Македонија, освои серија на трофеи, признанија и беше еден од љубимците на битолската публика.
47-годишниот Новокмет за македонската репрезентација играше на Европскот првенство во Италија во 1998 година, а по настапите за Пелистер играше во Џенерали Трст во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.